Страшни се снимките кои ги објави ТВ21 од градинката во скопската населба Карпош, откако за време на викендов паднал кров.
Среќа е што за време на викендов немало деца во просторијата.
Екипа на ТВ21 утрово влезе во градинката и ги сними стршните слики, родителите се загрижени.
„Кој гарантира за безбедноста на моето дете? Плаќаме, а што добиваме? Што ако ова се случеше додека децата беа тука. Катастрофа“, коментира еден родител.