Попладнево две сообраќајни несреќи во Скопје речиси го блокираа целиот град.
Првата кај мостот Гоце Делчев пред Влада, на терен е полицијата која го регулира сообраќајот.
Сообраќајот се одвива отежнато, а поради несреќата предизвикан е и сообраќаен метеж.
Нема во моментов информации како дошло до несреќата.
Втората несреќа е пред зградата на МРТ во насока кон трговскиот центар East Gate.
Препорачваме да се избегнуваат овие два правци.