Рано утрово полиција упаднала во најголемиот затвор „Идризово”. Не е познато дали пребарува само меѓу осудените лица, или и во управната зграда, пишува САКАМ ДА КАЖАМ.
Од МВР за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдуваат дека таму се врши претрес, без детали за акцијата.
Од МВР најавија соопштение подоцна.