Македонија

Сите бугарски барања, осен непостоење на македонскиот јазик – дел од преговарачката рамка за ЕУ

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ првично, а потоа и дел од македонските медиуми објавија делови, па дури и цел документ од преговарачката рамка со која треба да се крене бугарското вето и Македонија да започне пристапни преговори со Европската унија.

Во овој предлог за преговарачката рамка на француското претседателство, фактички се прифаќаат сите барања на Бугарија, освен барањето за непостоењето на македонскиот јазик.

Тоа значи дека барањата на Бугарија за негирање на македонскиот идентитет до 1944 година влегуваат во преговарачката рамка меѓу ЕУ и Македонија, а гаранциите што Софија ги бара од ЕУ ќе се ефектуираат со мониторирање од Европската комсија која ќе следи како ќе се одвиваат билатералните преговори меѓу Македонија и Бугарија.

Тоа значи дека Бугарија може во секој момент да стави кочница за на евроинтергративниот процес.

Во Бугарија беше најавено дека францускиот предлог ќе се разгледува во Собарнието на Комисијата за надоврешна политика.

Предлогот доставен, комисијата одложена – не се знае кога ќе се расправа во Бугарија за Македонија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни