Свет

Фон Крамон: Ако Украина и Молдавија добијат кандидатски статус, дајте му нешто на Балканот

Фон Крамон: Ако Украина и Молдавија добијат кандидатски статус, дајте му нешто на Балканот

Известувачот на Европскиот парламент за Западен Балкан, Виола фон Крамон изјави дека доколку Украина и Молдавија добијат статус на кандидати за членство во Европската унија (ЕУ), нешто треба да добијат и земјите од Западен Балкан.

„Ние европските парламентарци секогаш велиме дека, во случај Молдавија и Украина да добијат кандидатски статус, мора да им дадеме нешто и на земјите од Западен Балкан за да покажеме дека сме кредибилни и дека довербата во нас не е целосно изгубена. изјави Виола фон Крамон, пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Таа изјави дека „враќањето на кредибилитетот“ подразбира статус на кандидат на БиХ за членство во ЕУ, отворање преговори со Северна Македонија и Албанија и визна либерализација за Косово.

Фон Крамон додаде дека не знаела за наводниот предлог на Словенија да и се додели кандидатски статус на БиХ без одлагање.

„Сите ние сме против какво било забрзување, кратенки или преговори, дури и за членство“, рече таа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни