Над 139 илјади денари исчезнале од трансакциската сметка на 60-годишен жител на тетовско по серија неовластени интернет-трансакции. Случајот бил пријавен во полиција, која презема мерки за откривање на сторителот.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, вчера во 17:20 часот, мажот пријавил во СВР Тетово дека забележал дека од неговата трансакциска сметка недостигаат пари.
Сметката ја користел преку мобилно банкарство, а по проверката на деталниот банкарски извештај било утврдено дека биле извршени повеќе неовластени трансакции на странски интернет-платформи.
Според пријавеното, трансакциите биле реализирани во периодот од 1 до 20 октомври 2026 година, при што од сметката биле повлечени вкупно 139.474 денари.
Од полицијата преземаат мерки за откривање на лицето кое стои зад трансакциите и целосно расчистување на случајот.