Свет

Автомобили превртени на покрив, делови од згради летаат како хартија: Погледнете го торнадото кое траеше само една минута!

Автомобили превртени на покрив, делови од згради летаат како хартија: Погледнете го торнадото кое траеше само една минута!

Градот Фошан во јужна Кина го погоди торнадо. Иако траеше само една минута, беа оштетени бројни објекти, возила и сообраќајна инфраструктура.

Кинеската државна телевизија CCTV објави снимка на која се гледа како торнадо кине покриви од станбени згради како да се направени од хартија, како и кабли за струја.

Тамошните жители објавија видеа и фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат превртени автомобили, соборени дрвја и електрични столбови.

Торнадото кое траеше само една минута оштети бројни објекти, возила и сообраќајна инфраструктура. Според последните податоци, нема жртви, пишува Би-Би-Си.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни