Светиот синод на Бугарската православна црква денеска донесе одлука за во врска со канонскиот статус и укинувањете на расколот и за влегување во кананоска и евхаристиска заедница со Православната црква во Македонија, соопшти Бугарската патријаршија.
– Денеска на својата целосна седница Светиот синод ги разгледа писмата од вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј во врска со канонскиот статус на Православната црква на Македонија и по гласањето одлучи: Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија Бог и духовна радост добредојдени одлуките за укинување на расколот и влегување во канонско и евхаристиско единство со Православната црква на Македонија. Прашањето за името на Православната црква на Македонија допрва ќе се разгледува, се наваедува во одлуката Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија.