Повеќе од сигурно е дека Македонија и на јунскиот самит ќе добие големо не, поради кочницата од соседна Бугарија.
Нов ден, нови барања од страна на Софија. По одржана последна средба на која присуствувал и францускиот амбасадор во Софија, истакнати се пет нови барања кои се многу порадикални од сите претходни.
„Вчера на корепер од бугарска старна се изнесени 5 нови барања кои се радикално полоши од тие претходно, а и тие претходно не беа убави. Овие нови барања се да се бриши автоматизација за стар на преговори по внесување на Бугарите во Уставот. Во делот на јазикот нивното барање од вчера е дека за нив не се доволни унилатерални изјави за јазикот. Вели, ние бараме нашето толкување да добие еднаква правна сила во рамката, тоа не е можно“, рече синоќа претседателот на државата Стево Пендаровски.