Првиот вицепремиер Артан Груби на друштвената мрежа Фејсбук објави фотографија на која се гледаат, тој, лидерот на ДУИ Али Ахмети и премиерот на Албанија Еди Рама.
Над фотографијата Груби напиша: Со премиерот и претседателот во Приштина.
Не јасно е во овој момент за каков тип на средба станува збор и дали фотографијата е од денеска.
Инаку денеска падна одлука, премиерот Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александра Вучиќ утре да патуваат на Советот за Западен Балкан во ЕУ.