Македонија

Ковачевски: Францускиот предлог е стигнат по нашата интервенција во Брисел

Ковачевски: Францускиот предлог е стигнат по нашата интервенција во Брисел

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција посочи дека францускиот предлог официјално пристигнал во Владата на Македонија, односно во Министерството за надворешни работи.

Според него, овој предлог е стигнат по интервенцијата во Брисел и реакцијата на драфт документите.

„Официјалните ставови ќе бидат соопштени откако предлогот ќе ги помине филтрите на сите засегнати институции. Ќе следи широк консултативен процес со владината коалиција, а потоа и со претседателот на државата, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупната јавност во државата“, вели Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни