Македонија

Николоски: Бугарите бараат да влезат во нормативниот дел на Уставот, а таму ги нема ниту Албанците

Николоски: Бугарите бараат да влезат во нормативниот дел на Уставот, а таму ги нема ниту Албанците

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека Бугарија сака да влезе во нормативниот дел на Уставот.

Тој додава дека таму ги нема ни Албанците.

„Бугарите бараат да влезат во нормативниот дел на Уставот. Да поедноставам на јавноста Уставот има вовед кој што се вика Преамбула и после тоа почнуваат членовите од кои што се влече целата законска рамка во Македонија, и тој е наречен нормативен дел. Во нормативниот дел ги има само Македонците, дури Албанците како втора етничка заедница во Македонија не се наведени во нормативниот дел“, порача Николоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни