Македонија

Историските прашања не се дел од новиот предлог, порача Ковачевски

Историските прашања не се дел од новиот предлог, порача Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски на прес концереција по повод пристигнувањето на модифицираниот француски предлог истакна дека историските прашања не се дел од новиот предлог.

„Во однос на ставовите во Бугарија, знаете дека тие веќе имаа процес во нивните инцтистуции. Со оглед на тоа што нашите забелешки се внесени во новиот предлог, сега кај нас може да почне тој консултативен процес… Едно од нашите барања беше дека историските прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка. И тоа е вклучено во овој предлог. Протоколот нема да биде дел од преговачката рамка“, вели Ковачевски.

Тој додаде дека сите детали од предлогот ќе бидат презентирани утре од страна на вицепремиерот за европски прашања.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни