Македонија

ССМ на протест – „Ќе бараме оставка од пратениците кои нема да го изгласаат амандманот“

ССМ на протест – „Ќе бараме оставка од пратениците кои нема да го изгласаат амандманот“

Сојузот на синдикати на Македонија поставија 14 столчиња пред Собранието и 8 жолти картони за пратениците кои се дел од Комисијата за финансирање буџет.

Од нив побараа да го изгласаат предлог амандманот за линеарно зголемување на платите работниците од 2.806 денари.

„Ние јавно ќе побараме со име и со презиме оставка од тие пратеници бидејќи ако дигнат рака за „не“ ќе кажат дека не се за на работникот и не се за народот во овие тешки моменти. Затоа колеги пратеници сфатете си ја работата сериозно, македонскиот работник очекува денеска да го изгласате амандманот на ССМ покачување на платата за 2.806 денари на сите од 1-јули“, изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски од пред Собранието.

Димовски рече дека штрајкот ќе продолжи и во наредните денови.

„Ние продолжуваме со штрајкот. Ние денес бараме пари за леб, за плаќање на сметки и за издржување на семејствата. Секој ден ќе излегуваме со работниците на улица рамо до рамо“, изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни