Мирослав Јовановиќ од Српска странка исто така рече дека предлогот не го прочитале и дека откако ќе се случи тоа ќе дадат и свои одговори.
„Претходниот текст не беше прифатлив за никого. Очекувам да има некои посуштински измени и да се вклопат во нашата Резолуција што е изгласана во Собрание и нормално Договорот за добрососедство со Република Бугарија“, рече Јовановиќ.