Македонија

Јакимовски за Мицкоски: И вие очекувавте и натаму да стојам зад овој човек?

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски на својот Фејсбук профил истакна дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се концентрирал за тоа како да излаже дека е против, а во исто време да го поддржи францускиот предлог.

„Замислете човекот вика ги откажал од протестите за да се фокусира на “францускиот предлог” и Вие очекувавте и натаму да стојам зад овој човек кој кога не знае што прави прибегнува кон лага. Протести не планирал а за ”францускиот предлог” се концентрира како да излаже дека е против а во исто време да го поддржи. ГРОМ не игра така! Ние имаме јасен одговор, ПРОТИВ!“, напиша Јакимовски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни