Пожар попладнево избувна во барака во скопската населба Мичурин, информираат од Бригадата за противпожарна заштита.
Од пожарот бил зафатен внатрешниот дел од бараката и кровот, а во неговото гаснење интервенирале осум пожарникари со три противпожарни возила.
Повредени лица нема, информира Томевски.