Македонија

Продолжува потрагата по исчезнатиот Македонец во Грција – „вклучени бродови, хеликоптер, како и возило на копно“

Продолжува потрагата по исчезнатиот Македонец во Грција – „вклучени бродови, хеликоптер, како и возило на копно“

Министерството за надворешни работи информира дека според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот исчезнат државјанин во Грција продолжува и утре, шести ден.

„Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население.

Нашите претставништва остануваат во постојан контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатото момче, и секоја нова информација навремено ќе биде пренесена“, велат од МНР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни