Исечени бутови од коњи, нафрлано месо на куп, потоци од крв низ дворот на импровизираната кланица во скопската зоолошка градина, ова се гледа на фотографиите кои ги доби Телма од хорор локацијата во скопската Зоолошка градина.
Од целата ситуација има и една добра вест, еден коњ го преживеал масакрот на животните среде ЗОО паркот кој служи за едукација и забава на најмладите.
Месото е наредено и нафрлано во несоодветни простории кои не се санитарно подготвени за вакви нехумани потфати. На фотографиите се гледа и алат со кој „касапите“ од зоолошка се служеле за да ги убијат и расечат коњите.
Читај повеќе на Телма