Македонија

Се огласи агенцијата: „Станува збор за недоразбирање, никој од гостите нема да биде избркан“

Се огласи агенцијата: „Станува збор за недоразбирање, никој од гостите нема да биде избркан“

По веста дека хотелот Gerakini Sitonia vilage во Грција денес им го прекинал одморот на 10 семејства од Македонија, поради нерасчистени сметки со Агенцијата ЈК Травел, се огласија и од агенцијата.

Тие во изјава за ММС велат дека никој од гостите нема да биде избркан, односно дека тие остануваат до недела, до кога и им е аранжманот.

„Дека е тоа така веќе се информирани сите туристи кои заминаа на одмор преку нашата агенција и тоа по СМС пораки“, додаваат од Агенцијата.

Според нив, станува збор за недоразбирање.

„Станува збор за недоразбирање, кое веднаш е решено, туристите може да си уживаат во целиот одмор“, додаваат од „ЈК Травел“.

Македонски туристи оставени на улица во Грција – си платиле за хотел, но агенцијата не платила аранжман

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни