Балкан

Шест часа струја, а потоа два часа исклучени – се воведуваат рестрикции на струјата во Косово

Во Косово од денеска се воведува актуелен режим, соопшти Косовското претпријатие за снабдување со електрична енергија (КЕДС), со образложение дека нема средства за набавка на струја, објави Косово онлајн и весникот „Коха“.

Корисниците ќе имаат струја шест часа, а потоа ќе бидат исклучени два часа, соопшти компанијата.

Потрошувачите ќе користат само локално произведена електрична енергија бидејќи компанијата веќе нема финансиски средства да купува струја.

Од КЕДС посочуваат дека ваквата состојба настанала поради екстремно високите цени на струјата на меѓународните пазари и неисполнувањето на трошоците на системот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни