Британската управа за национални паркови и градини забрани да се оставаат сендвичи со мармалад и плишани мечиња Падингтон во спомен на кралицата Елизабета Втора.
Организацијата објави правила кои граѓаните треба да ги почитуваат кога оставаат цвеќе и подароци за покојниот монарх.
Посетителите на Лондон можат да остават букети и цвеќиња на посебно место во Грин Парк. Сите аранжмани мора да бидат без целофан и пакување.
Сите цвеќиња оставени надвор од Бакингемската палата ќе се преместуваат во Грин Парк секоја вечер.
Се нагласува дека во интерес на позелената иднина на Лондон е добро што сите цвеќиња и подароци се направени од органски и биоразградливи материјали. Забранети се какви било предмети освен цвеќиња. Единствен исклучок е за картички и комеморативни ленти.
Се очекува сите цвеќиња да бидат отстранети од јавните места помеѓу седум и 14 дена по погребот на Елизабета Втора. Тие ќе бидат компостирани и искористени за уредување на кралските паркови и градини.