Повеќе од половина од светското население веројатно ќе го следи во живо погребот на кралицата во Вестминстерската опатија
Погребот на кралицата Елизабета Втора се очекува да стане најгледаниот пренос во живо во светот на сите времиња, пренесува „Дејли мејл“.
Се очекува гледаноста да достигне 4,1 милијарди.
Повеќе од половина од светското население веројатно ќе го следи во живо погребот на кралицата во Вестминстерската опатија.
Голем број телевизиски станици ширум светот во живо ќе го пренесуваат историскиот настан.
Официјалните лица очекуваат речиси половина милион луѓе да ја посетат Вестминстерската сала за да и оддадат почит на кралицата пред нејзиниот погреб.
Експертите проценуваат дека 4,1 милијарди луѓе веројатно ќе ја следат целата погребна церемонија. Ова ќе го собори рекордот на сите времиња од 3,5 милијарди луѓе кои го гледале големиот боксер Мухамед Али на отворањето на Олимписките игри во Атланта во 1996 година.
Телевизискиот аналитичар Каролина Белтрамо од WatchTVAbroad рече дека светската почит на кралицата Елизабета Втора и нејзиниот погреб ќе го направат најголемиот телевизиски настан во живо во историјата.
„ Генерации луѓе ширум светот ќе бидат сведоци на зората на оваа нова ера “, додаде Белтрамо.
„Не помалку од 4,1 милијарди луѓе се очекува да се соберат во понеделник за да бидат сведоци на овој историски момент, бидејќи половина од луѓето во светот ќе и оддадат почит “, рече аналитичарот.