Македонија

Тврдeл дека ја изгубил возачката, а таа му била одземена во Грција – кривична пријава за штипјанец

Тврдeл дека ја изгубил возачката, а таа му била одземена во Грција – кривична пријава за штипјанец
Фото: 4news.mk

Пријава за лажен исказ доби жител на Штип откако при проверка било утврдено дека возачката дозвола, за која тврдел дека ја изгубил, всушност му била одземена во Грција. Случајот го откриле полициските службеници при проверка на поднесеното барање за издавање нова возачка дозвола.

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против Д.Т. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“.

Според информациите од полицијата, на 10 октомври 2025 година пријавениот поднел барање за издавање нова возачка дозвола, наведувајќи дека претходната ја изгубил.

Меѓутоа, при извршената проверка било констатирано дека неговата претходна возачка дозвола била одземена од полициски службеници во Грција.

Поради утврдените околности, против него е поднесена кривична пријава, а случајот ќе продолжи во рамки на законските постапки.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни