Илјадници продолжуваат да стојат во ред дури и во текот на ноќта за да и оддадат последна почит на кралицата Елизабета. Нејзиниот ковчег беше пренесен во Вестминстерската сала претходно во средата од Бакингемската палата.
Со ова започна бдеењето кое ќе трае четири дена. Војниците од церемонијалните единици на британската армија наизменично ќе го чуваат ковчегот во шестчасовни смени.
Службата била накратко прекината во текот на ноќта поради пробата за погребот, а околу еден час на јавноста не им било дозволено да влезат во Вестминстерската сала.