Свет

Стражар кој го чува ковчегот на кралицата Елизабета Втора се онесвести (ВИДЕО)

Стражар кој го чува ковчегот на кралицата Елизабета Втора се онесвести (ВИДЕО)

Војник кој го чува ковчегот на кралицата Елизабета Втора се онесвести додека се одржуваше церемонијата. Тој колабира во раните утрински часови покрај ковчегот што цела ноќ го посетуваа Британците, за да и оддадат почит на кралицата.

Видеото стана вирално на интернетот, а на него се гледа како чуварот се онесвестува.

Неколку полицајци притрчаа да му помогнат. Останатите стражари се чини дека не се вознемирија од инцидентот, не се помрднаа.

Медиумите во Британија пишуваат дека инцидентот се случил при менувањето на гардата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни