Во моментов учениците и персоналот се евакиураат, а МВР за подоцна најави повеќе детали.
На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава повторно е упатена закана за поставена бомба.
„Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Првата смена во гимназијата „Јосип Броз – Тито“ е веќе евакуирана и се чека полицијата да ги направи проверките, ова школо е меѓу првите кои утрово пријавиле закана за бомба.