Македонија

Бутикот кој е во стаклена тераса на улица Македонија треба да се урне, ако не општината ќе го урне, велат од о. Центар

Бутикот кој е во стаклена тераса на улица Македонија треба да се урне, ако не општината ќе го урне, велат од о. Центар

Општина Центар издаде решение за уривање на бутикот кој се наоѓа во стаклена тераса на улица Македонија. Ова претходно беше штаб на кандидатот за градоначалник на град Скопје Петре Шилегов.

„Сопственикот на бутикот не дојде на средба во Општина Центар. Овластен градежен инспектор постапувајќи по службена должност излезе на терен, изврши увид, состави записник од увидот и издаде соодветно решение, по кое сопственикот треба да постапи“, велат од Општина Центар.

Сопственикот на бутикот не може да има дозвола и не може облеката да ја продава на јавна површина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни