Македонија

Телото на бебето на 19-годишната струмичанка пронајдено во јама

Во врска со случајот вчера пријавен во СВР Струмица, каде лекар од болницата во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување.

Полицијата изврши увид на местото и од страна на полициски службеници и јавен обвинител и пронајдено е починато тело на новороденчево септичка јама.

По наредба на Јавен обвинител мртвото тело е предадено на обдукција. Земени се примероци од крв за анализа од мајката, членови на семејството и мажот.

По насоки на јавниот обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни