Законот за попис е во Владата и во моментот тече усогласувањето меѓу коалициските партнери, а се очекува на следната седница да се најде на дневен ред, информираа денеска владините портпароли Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа.
– Најверојатно на следната владина седница ќе се најде на дневен ред, истакнаа портпаролите за време на денешната редовна прес-конференција во Владата.