Македонија

Две и пол годишно дете почина од сепса на Детската клиника

Во понеделникот попладне на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести е примено женско дете на возраст од 2.5 години со знаци за сериозна бактериска инфекција.

Претходно детето било релативно здраво, со респираторен инфект третирано 1 недела од страна на матичен лекар.

Дента поради влошување на состојбата е донесено на Клиниката. Примено на оддел за интензивна нега, поставено на респиратор, но и покрај сите преземени тераписки процедури после престој од 12 часа детето починало.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни