Независниот кандидат за претседател, професорот Блерим Река денеска одржа прес-конференција за неговата претседателска кандидатура на државата, заедно со Зијадин Села и Билал Касами.
Река се заблагодари за поддршката и уверено повика да се прослави на 21ви април победата.
„Ја прогласувам за завршна постапката. Ве повикувам со ентизујатам да прославиме заедно на 21ви април кога ќе славиме победа. Нудиме концепт за враќање на републиканизмот. Ние сме за евроатланска и мултиетничка република. Македонија е држава но не е Република. Ќе биде република на местото на владеење на поединецот ќе има владеење на правото, но не сега кога Судството е политизирано а јавната администрација е непотизирана и додека Собранието имунизира одговорни за кривични дела.“