Балкан

Краток спој запали стан во центарот на Пловдив, спасено девојче

Краток спој запали стан во центарот на Пловдив, спасено девојче

Стан на улицата „Радетски“ во центарот на Пловдив утринава се запалил поради краток спој, а неговиот жител – млада девојка брзо го вклучилa алармот, известија од противпожарната служба.

Девојката се разбудила од силната миризба и видела како густиот чад се шири. Таа брзо го напуштила станот.

Недостигот на кислород во просторијата го забави процесот на горење, велат пожарникарите.

Тие ја пофалија девојката за нејзината брза реакција, поради што е спречена посериозна штета.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни