Се запали брзиот воз Варна-Софија, објави БТВ. Несреќата се случила околу 15 часот и 30 минути по локално време кога возачите забележале дека излегува чад од машинскиот простор.
Нема повредени патници. Луѓе се симнати и ќе се носат со автобуси.
Инцидентот го пријавија и гледачите на БТВ. Според нив, тоа се случило меѓу Пордим и Плевен.