Балкан

Вучиќ: Ова е мој последен мандат! Мојата работа е да бидам на страната на граѓаните

Вучиќ: Ова е мој последен мандат! Мојата работа е да бидам на страната на граѓаните

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во палатата „Србија“ на годишната конференција ги сумираше впечатоците од 2022 година и најави што очекува од Србија и нејзините граѓани во 2023 година.

Вучиќ на конференцијата рече дека нема потреба да се доведуваат граѓаните во заблуда, ниту да се прикриваат факти.

„Ова е мојот последен мандат, нема да менувам Устав, ништо слично. Мојата работа е да бидам на страната на граѓаните, на секој човек во нашата држава. Тоа ќе го направам на најдобар можен начин и покрај тешките околности со кои се соочуваме“, изјави Вучиќ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни