Балкан

Вучиќ: Косово е дел од Србија

Вучиќ: Косово е дел од Србија

„Ние нашите граѓани во Косово ги доживуваме како Срби и го сметаме Косово за дел од нашата земја. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на својата годишна прес-конференција во Белград.

Неговите зборови се на позадината на зголемената тензија меѓу Приштина и Белград.

„Србија не направи никаков инцидент, не направи ниту еден унилатерален потег. Нема да се срамиме од нашиот народ и Уставот. Не сакаме да им се спротивставиме на големите сили, мали сме, но како што стојат работите денес во светот, дури 106 земји не ја признаваат независноста на Косово, само 84 недвосмислено ја признаваат“, рече Вучиќ.

Девет земји го повлекоа признавањето на Косово и „го чекаме десеттото“, објасни српскиот претседател.

Тој изјави дека ќе се борат во УНЕСКО. „Тешко дека можеме да им се спротивставиме во Советот на Европа. Ќе се бориме во УНЕСКО. Ќе им биде малку тешко. Веќе пробаа неколку пати, но не успева. Што се однесува до ОН, чекам да дојдат експерти кај мене да ме убедат дека тоа е единствениот можен излез за Србија. Секогаш ќе сакаме мир со Албанците и почитување на сите шест договори што ги потпишавме“, рече Вучиќ.

Според него, сите уценуваат и се закануваат. Тој ги повика Србите да ја бранат својата независност и својата земја.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни