Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека ранувањето на двајца млади во Штрпац е неприфатлив и за осуда. На повредените им посака брзо закрепнување.
Харадинај во објава на Фејсбук напиша и дека треба да и се даде време на правдата да ги расветли околностите и мотивите на овој настан.
„Ранувањето на двајца млади во Штрпац е неприфатлив и за осуда чин! На повредените им посакувам брзо закрепнување. Истовремено, барам од органите на прогонот во Косово што е можно поскоро да ја информираат јавноста за околностите во кои се случил настанот и неговите мотиви“, рече Харадинај.
Во соопштението Харадинај додава дека апелира до членовите на семејствата и до локалните Срби да не наседнуваат на пропаганда која на овој инцидент би му дала политичка конотација.
Да и дадеме време на правдата да ги расветли околностите и мотивите на овој настан!“, напиша Харадинај.