Балкан

Македонец фатен при шверц на цигари и ракија во Хрватска – ќе плати огромна глоба

Македонец фатен при шверц на цигари и ракија во Хрватска – ќе плати огромна глоба

Државјанин на Северна Македонија бил фатен на граничниот премин „Товарник“ од хрватските цариници при обид за криумчарење на цигари и алкохол.

Имено, стоката, која сега е одземена, била скриена во возило.

„На граничниот премин „Товарник“, при влез во царинското подрачје на Унијата, подрачните единици на Службата за мобилни единици Осиек, издвоија за контрола приватен автомобил со швајцарски регистарски таблички со кој управувал државјанин на Северна Македонија. При деталниот преглед на возилото, во просторот за резервна гума се пронајдени 6.000 парчиња цигари „Вест Силвер“, 4.000 парчиња цигари „Жаде Ла Розе“ и 9,7 литри ракија за кои се пропишани забрани и ограничувања при увоз, а кои возачот се обидел на скришен начин да ги внесе на подрачјето на Унијата“, се наведува во соопштението на хрватската царина.

На возачот му е изречена казна од 13.272 евра, а пресметана и наплатена му е трошарина за цигари во износ од 1.419 евра.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни