Шведското претседателство со Европската унија започна консултации со земјите членки во врска со кандидатурата на Косово за членство во Европската унија и во овој момент не сака да прејудицира какви ќе бидат резултатите од овие консултации, јави агенцијата КосоваПрес, цитирајќи ја шведската амбасадорот во ЕУ, Ларс Даниелсон, кој лично ги иницираше овие консултации.
„Се консултираме со многу земји за да видиме каква одлука ќе донесеме за ова барање. Имаме пет земји кои не го признаваат Косово и природно е прво да се консултирам со нив. Веќе се сретнав со некои и ги продолжуваме состаноците. “ изјави Даниелсон.
Постојаниот претставник на Шведска во ЕУ рече дека одлуката за тоа како да се продолжи со барањето на Косово за членство во ЕУ е процедурална, но и политичка.
„Ова е процедурална одлука, но од големо политичко значење, не сакам да прејудицирам за резултатите од консултациите, но штом видам дека се гради консензус меѓу земјите членки за тоа како да се постапи, ќе известам земјите-членки. Имаме две алтернативи: да го однесеме до Комисијата или да не го однесеме до Комисијата. Но, ние работиме многу напорно на овој случај“, рече Даниелсон.
Косово официјално аплицираше за членство во ЕУ на 15 декември.
Чешкото претседателство тогаш немаше време да го разгледа барањето, туку само ги извести земјите-членки за неговото поднесување. Случајот сега е во рацете на шведското претседателство, кое се консултира каква одлука да донесе.