Обилни врнежи предизвикаа проблеми на голем број магистрални и регионални патишта во Херцеговина. Во месноста Љубушски е прогласена вонредна состојба, а прекината е работата на хидроцентралата на реката Требижат, која е во нагорна линија.
Во последните 24 часа во некои општини наврнаа над 100 литри дожд на метар квадратен, што предизвика поројни поплави, па отежнат е сообраќајот и на главниот пат меѓу Мостар и Сараево.
Во месноста Љубушски е прогласена вонредна состојба
Како што информираат од Автомото сојузот со седиште во Мостар, најтешка е состојбата на патната делница меѓу Јабланица и Салаковац, каде поради големото количество вода на коловозот се препорачува внимателно возење.
Поројни поплави и одрони го отежнуваат сообраќајот на неколку регионални патни правци. Запрена е и работата на хидроцентралата Пеќ Млини на реката Требижат, чиј водостој е во пораст, поради што е прогласена вонредна состојба во атарот на градот Љубушски.
По кратка пауза во попладневните часови, се очекуваат пообилни врнежи од дожд, што носи дополнителна загриженост кај надлежните служби и жителите покрај водотеците. Речиси во сите градови и општини поради заматеноста на водата се препорачува да се преврива.