Свет

Пилотот се заиграл: Со хеликоптер исцрта пенис

Пилотот се заиграл: Со хеликоптер исцрта пенис

Корисниците на апликацијата Flightradar24, која овозможува следење на сите летови во воздух, забележале дека еден хеликоптер има необична траекторија.

Имено, како што изгледа, пилотот на хеликоптер летал на тој начин што го проследил обликот на пенисот, а не требало многу време додека фотографијата од неговиот потег се прошири на социјалните мрежи.

Летот бил извршен над малтешкиот остров Комино, помал остров кој се наоѓа помеѓу Малта и Гозо, што значи дека на пилотот му била потребна цврста контрола на хеликоптерот за толку прецизно да го скицира пенисот.

Според Флигтрадар, пенисот на небото го нацртал пилот на вооружените сили на Малта, но тие ги негирале тврдењата дека пилотот намерно го нацртал пенисот.

Потегот на пилотот, без разлика дали е намерен или не, предизвика бурни реакции на Твитер.

„Ова е уметност“, „Мажите се навистина опседнати со таа работа“, „Уште една причина да станете пилот – можете да нацртате што сакате на небото“, беа коментарите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни