Балкан

ФОТО: Снег падна и на долината на елените кај Плитвице, фотографиите се како од бајка

ФОТО: Снег падна и на долината на елените кај Плитвице, фотографиите се како од бајка

Ранчот Долина на елените утрово изгледа како бајка. Снегот падна, а фотографиите објавени од тимот на ранчот на Инстаграм изгледаат неверојатно.

Додека снегот најмногу предизвикува проблеми во останатиот дел од земјата, тој создаде бајка во долината на елените. Ако некој отиде таму денес, му завидуваме.

Инаку, долината на елените се наоѓа во близина на Плитвичките езера, а на ранчот има многу срни, елени кои мирно шетаат и се дружат со посетителите.

Фотографиите направени во долината на елените се навистина магични, особено зимските. Погледнете како изгледаше во изминатите зими.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни