Соединетите држави подготвуваат нов пакет воена помош за Украина, кој ќе ги задоволи тековните потреби на Киев, изјави во четвртокот заменик портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг. „Наскоро треба да очекуваме нов пакет воена помош“, рече таа на брифингот со новинарите. Синг одби да елаборира, истакнувајќи дека Украина продолжува да бара повеќе оклопни возила и системи за воздушна одбрана, така што секој пакет помош „задоволува некои од нивните основни потреби“.
Соединетите држави во моментов не гледаат причина да ги префрлат тенковите Абрамс во Украина поради тешкотиите со нивното одржување, додаде Сабрина Синг. „Дискусијата и високите трошоци за одржување (на тенкови) го прават бесмислено да се обезбедат на Украина во овој момент“, објасни таа.