Свет

На високи места во Анталија се натрупа снег длабок метар и половина

На високи места во Анталија се натрупа снег длабок метар и половина

Метар и пол достигнува до снежната покривка на високите места во Анталија, јавува турската државна телевизија ТРТ Хабер. Медитеранскиот округ како и Црноморскиот Ризе се двете места во Турција каде падна најмногу снег.

Во Анталија, која е позната по поморскиот туризам, снежните врнежи формираа покривка длабока повеќе од еден метар во планините Торос. Снегот привлече стотици луѓе на планините, кои сакаа да уживаат во зимата.

Снегот што падна во зимскиот центар „Саклакент“ на планината Беидагларе е повеќе отколку на Алпите, покажуваат ТВ. Оваа планина се покажа како место со најмногу снежни врнежи не само во Турција, туку и во цела Европа. На планинските висорамнини снежната покривка достигнува метар и половина, забележува и ТРТ Хабер

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни