Околу 500 жители на густо населена населба во јужнокорејската престолнина Сеул се евакуирани поради големиот пожар кој уништи најмалку 60 куќи, јави БТА.
Пожарот избувнал утрото околу 6 часот и 30 минути во населбата лоцирана во јужниот дел на главниот град, каде живеат повеќе од 600 семејства.
Повеќе од 800 пожарникари, полицајци и работници од заедницата беа испратени да го гаснат пожарот и да ги евакуираат жителите од населбата.
Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол повика на намалување на штетите и масовно мобилизирање на сите расположливи пожарникари и опрема, изјави неговиот портпарол, цитиран од Ројтерс.