Breaking Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
Свет

САД даваат 2,5 милијарди долари воена помош за Украина

САД даваат 2,5 милијарди долари воена помош за Украина

Вашингтон најави нов пакет воена помош за Киев во вредност од речиси 2,5 милијарди долари.

Новата помош вклучува стотици оклопни возила и поддршка за украинската противвоздушна одбрана.

Досега, САД обезбедија повеќе од 27 милијарди долари безбедносна помош за Украина од руската инвазија во февруари минатата година, пренесе БТА.

Во воената база Рамштајн во Германија ќе се одржи состанок на министрите за одбрана на САД и нивните сојузници за координирање на воената помош за Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред средбата, во вечерното обраќање рече дека очекува силни одлуки за дополнителни испораки на оружје од Запад.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни