Свет

ВИДЕО: Училишен автобус полн со деца се запали во Лондон

ВИДЕО: Училишен автобус полн со деца се запали во Лондон

Утрово во Лондон се запали училишен автобус со деца. Учениците се пренесени на безбедно и нема информации за повредени.

Пожарникарите набрзо пристигнале на местото на настанот. Во инцидентот оштетени се и шест други возила. На видеото од настанот се гледа како автобусот е зафатен од пламен и се огласуваат алармите на автомобилите во близина.

„Брзо ги извадија децата штом се запали дел од моторот“

Една жена која живее во близина рече дека автобусот се запалил околу 8:15 часот.

„Овој училишен автобус поминува покрај нашата куќа секој ден. Тие брзо ги извадија децата веднаш штом се запали дел од моторот и тоа е најважно. Верувам дека пожарот беше изгаснат прилично брзо, но имаше многу Оштетени се автомобили, на некои куќи искршени прозорци“, изјавила неименувана жена, а пренесува Дејли Мејл.

Причината за пожарот засега не е позната

За пожарот се огласи и од советот на градската област.

“Утринава се запали училишен автобус во Хакни. Причината за пожарот допрва ќе се утврдува. Сите деца се евакуирани и нема повредени. За нив е договорен алтернативен превоз до училиште”, напиша советот на Твитер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни