Празничното расположение ја зафати Кина. Во пресрет на Лунарната Нова Година , низ целата земја беа организирани прослави и шарени фестивали.
Локалните жители и туристите можат да уживаат во спектакуларни светлосни претстави и традиционални уметнички изложби.
Кинеската Нова Година е најдолгиот и најважниот празник во земјата.
Ќе се случи во недела, а според кинескиот хороскоп со него ќе владее црниот воден зајак, кој симболизира здравје, среќа и надеж.