Свет

Британскиот премиер си заработи казна – не носел појас на задно седиште

Британскиот премиер си заработи казна – не носел појас на задно седиште

Британскиот премиер Риши Сунак е казнет поради неврзување на појас додека вози, јавуваат британските медиуми.

Според законот, патниците кои не носат појас може да бидат казнети со 100 фунти на лице место, што може да се зголеми до 500 фунти доколку случајот оди на суд.

Од ова правило се изземени оние кои имаат лекарско уверение дека не можат да носат појас од здравствени причини, како и возилата на полицијата, противпожарната и спасувачката служба.

Да потсетиме, британскиот премиер Риши Сунак се извини откако го тргна појасот додека возеше за да може да сними видео за социјалните мрежи. За време на снимањето тој седел на задното седиште во автомобилот.

Неговиот портпарол изјави дека станува збор за „грешка во проценката“ и дека премиерот „верува дека сите треба да носат појас“, пишува Би-би-си.

Сунак го објави видеото на Инстаграм. На видеото кое трае околу една минута, може да се види како Сунак им се обраќа на гледачите за време на возењето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни