Македонија

Кој е Ангел Џамбаски? Антимакедонски националист од Бугарија

Кој е Ангел Џамбаски? Антимакедонски националист од Бугарија

Ангел Чавдаров Џамбазки е бугарски политичар, потпретседател на „ВМРО – Бугарско национално движење“ од 2014 година, претседател на Националниот младински совет на ВМРО-БНД во 2004 – 2005 година, поранешен општински советник во Митрополитскиот општински совет во периодот помеѓу 2007 г. и 2014 година;

Во 2014 година е избран за бугарски претставник во Европскиот парламент од квотата на поранешната коалиција „Бугарија без цензура, ВМРО, ЗНС, Гергиовден“. Во 2019 година повторно беше избран за бугарски претставник во Европскиот парламент од квотата на ВМРО-БНД.

Роден е на 21 март 1979 година во Софија . Завршил софиско математичко училиште „Паисиј Хилендарски“ и магистрирал правни науки на Правниот факултет на „Св. Климент Охридски“.

Џамбаски од Скопје порача „да живее Бугарска Македонија“

На почетокот на својот прв мандат во Европскиот парламент , Џамбазки се приклучил на групата на европски конзервативци и реформисти во ЕП. За периодот на мандатот е член на Комисијата за култура и образование, заменик-претседател на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Поранешна Југословенска Република Македонија и заменик во Поткомитетот за безбедност и одбрана, Комитетот за правни прашања, Комитетот за надворешни работи и Делегацијата во парламентарната комисија за соработка ЕУ-Русија.

На изборите за пратеници во Европскиот парламент во мај 2019 година, Ангел Џамбазки повторно беше избран за бугарски претставник во ЕП од листата на ВМРО-БНД, а над 34 отсто од оние кои гласаа за партијата го искористија правото да остварат повластен глас конкретно за Џамбазки.

Џамбаски со нова провокација: Југославија се распадна, време е да падне и нејзиниот последен бастион – македонизмот

На почетокот на деветтиот мандат на Европскиот парламент, Ангел Џамбазки повторно избира да се приклучи на Групата на европски конзервативци и реформисти во ЕП. Избран е за член на партиското биро и негов соблагајник. Учествува како член во работата на Комисијата за правни прашања и Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, како и во својство на заменик во Комисијата за надворешни работи, Комисијата за транспорт и туризам, Комисијата за петиции, Делегацијата за односи со Босна и Херцеговина и со Косово и Делегацијата за односи со Соединетите Американски Држави.

Ангел Џамбазки отсекогаш се дефинирал како бугарски патриот и националист.

Во емисија на ТВ „24“ на почетокот на 2019 година, Ангел Џамбазки сподели дека во јануари му се родила ќерка по име Билјана, по што побарал повеќе да не се коментира неговиот семеен живот.

Џамбаски со спорна мапа порачува „Не ја предавај Македонија“ – граѓаните бараат реакција на власта

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни